Вие имате прво да ја знаете вистината

Средба на вработени од СВР-Битола и од ДЗС

 Вработени од Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола денеска остварија средба со вработените во Дирекцијата за заштита и спасување – Битола.

Од СВР-Битола информираат дека средбата е во рамки Планот за „Безбедно лето” за преземање на зајакнати превентивни и оперативни мерки и активности за спречување и откривање на пожари на подрачјето на СВР Битола како и нивно навремено превенирање.

На средбата биле разменети совети и идеи за заедничко постапување. мт/цр

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!