Вработени од Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола денеска остварија средба со вработените во Дирекцијата за заштита и спасување – Битола.
Од СВР-Битола информираат дека средбата е во рамки Планот за „Безбедно лето” за преземање на зајакнати превентивни и оперативни мерки и активности за спречување и откривање на пожари на подрачјето на СВР Битола како и нивно навремено превенирање.
На средбата биле разменети совети и идеи за заедничко постапување.