Вие имате прво да ја знаете вистината

УКРАИНСКАТА “ИТ АРМИЈА” СЕ ПОДГОТВУВА ЗА САЈБЕР ОФАНЗИВА НА МОСКВА!

Американците организираа таканаречена „ИТ армија“ во Украина, која има задача да ја нападне руската инфраструктура, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Олег Сиромолотов на третиот состанок на работната група на ОН за информатички и комуникациски технологии.

Сиромолотов тврди дека има докази дека Американците и нивните сојузници користат информатички технологии за да извршат сајбер напади врз други земји.

На почетокот на јуни, шефот на американската сајбер команда, генерал Пол Накасоне, изјави за ТВ Скај њуз дека Вашингтон извршил серија сајбер операции против Русија, поддржувајќи ја Украина. Накасоне објасни дека овие операции се спроведуваат во согласност со политиката прифатена од Министерството за одбрана на САД.

Коментирајќи ја изјавата, портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека секој напад против Русија не е кршење на американската надворешна политика.

Во мај, претседателот Владимир Путин рече дека е започната масовна сајбер војна против Русија. Од почетокот на војната во Украина, нападите врз руската инфраструктура станаа поголеми и посериозни. Рускиот видео-хостинг „Рутјуб“ беше нападнат и тој сервис беше блокиран и недостапен неколку дена.

И на 23 јуни, порталот на државните служби „Госуслуг“ беше изложен на интензивни сајбер напади, а пет дена подоцна беше симната и веб-страницата на Рускиот регистар, каде што Украинците вметнаа информации за нивниот празник, Денот на Уставот.

Според податоците на познатата руска компјутерска компанија „Касперски лаборатории“, бројот на сајбер напади во март се зголемил повеќе од осум пати. Најголем дел од нападите биле врз руски банки, потоа веб-страниците на државните власти, а третина од сите напади биле врз образовни институции.

Директорот на одделот за меѓународни информативни активности на руското Министерство за надворешни работи Андреј Крутски објави дека 22 хакерски групи биле ангажирани во нелегални операции против руските власти и други институции каде се чуваат податоци на руски државјани и странци.

Најактивна е „ИТ армијата на Украина“, а по неа се американскиот „клан Густ“, грузискиот „ГНГ“, како и полскиот „Сквард 303“, пишува дописникот на Новости од Москва.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!