Вие имате прво да ја знаете вистината

ШЕФОТ НА НАТО: “ОВА Е НАЈОПАСНИОТ МОМЕНТ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, АКО ПУТИН ПРОДОЛЖИ ПОНАТАМУ, ЌЕ МОРА ВЕДНАШ ДА СЕ ВКЛУЧИМЕ!”

Тој предупреди дека НАТО и неговите земји-членки можеби ќе треба да испраќаат оружје во Украина уште долго време.

  • Војната во Украина го претставува најопасниот момент во Европа од Втората светска војна, не смееме да дозволиме Русија да победи, изјави во четвртокот генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на отворањето на летниот камп во Утоја.

Тој предупреди дека НАТО и неговите земји-членки можеби ќе треба да испраќаат оружје во Украина долго време “ако сакаат да ја спречат победата на Русија на бојното поле“, пренесува Ројтерс.

– Во наш интерес е оваа агресивна политика да пропадне, рече тој од Норвешка.

Велејќи дека “специјалната воена операција”, како што Москва ја нарекува војната во Украина, претставува напад врз актуелниот светски поредок, Столтенберг рече дека воената алијанса мора да го спречи ширењето на војната.

  • Не смееме да плашиме или да претеруваме, но ова е најопасната ситуација во која се најде Европа од Втората светска војна. Ако Владимир Путин воопшто помисли да нападне земја членка на НАТО, како што направи во Грузија, Молдавија и Украина, целото НАТО веднаш ќе се вклучи, рече тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!