Вие имате прво да ја знаете вистината

БАРСЕЛОНА НА СТОЛБОТ НА СРАМОТ – ТРОШИ МИЛИОНИ И УЦЕНУВА ИГРАЧИ! Откриени нови детали со кои ги бркаат фудбалерите!

Барселона троши милиони, носи скапи засилувања и во исто време носи огромни долгови. По новите информации кои пристигнуваат од Шпанија, клубот е на столбот на срамот.

Доведоа играчи како Роберт Левандовски , Рафиња, Френк Каси и за да го оправдаат сето тоа ги уценуваат играчите. Семјуел Умтити и Мартин Брејтвејт буквално ги исфрлаат од клубот, бараат од Жерар Пике и Френки де Јонг да им ја намалат платата, Мемфис Депај сакаат што побрзо да го продадат…

Умтити и Депај се уценувани, веќе ги немаат нивните броеви на дресови во тимот. Доколку бидат дел од тимот на 31 август, ќе им биде раскинат договорот“, пишува каталонски “Спорт“.

Не е тајна дека Де Јонг е притиснат поради високите примања , но тој не сака да се приклучи на Манчестер Јунајтед. Депај сакаат да го продадат поради истата причина, а сега имаат ново барање за Пике.

“Доколку Пике не се согласи на ново намалување на платата , Барселона нема да може да ги регистрира Левандовски, Рафиња, Кунде, Кеси и Кристенсен. Во тој случај ќе мора да го активира четвртиот степен на економска помош “, открива шпанскиот Диарио“.

Претседателот Жоан Лапорта продолжува да троши пари и од клубот најавија дека дополнително ќе го засилат тимот на Чави до крајот на преодниот рок. Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман јавно го постави главното прашање – од каде им се парите?

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!