Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали овој човек e новата љубов на Јелена Карлеуша? Атина и Ника го “обожаваат” (фото)

Со месеци се шпекулираше дека постои тајна врска помеѓу популарната пејачка Јелена Карлеуша и американскиот рапер Кање Вест, а сега Јелена ја загреа приказната уште повеќе бидејќи малку се поигра на Инстаграм. Имено, таа користела популарна апликација и ги насмеала сите нејзини следбеници.

Имено, таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија која е производ на апликација, односно игра во која треба да се придржувате до правилата: внимавајте што посакувате, можеби ќе ви се оствари. Заедно со половина од лицето на Јелена, апликацијата ја исфрли и другата половина, а секако изборот падна на Канје Вест, чии песни ги обожаваат и ќерките на пејачката Атина и Ника. Дали ЈК го очекуваше тоа, јасно одговори таа во пораката на сликата.

Да се потсетиме, во март, поранешниот сопруг на американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан, Канје Вест преку Инстаграм ја следеше Јелена Карлеуша, една од најпознатите пејачки на овие простори. Веднаш потоа таа се сликаше само во неговите патики, без облека, но не долго потоа следеше меѓусебно исфрлање од оваа социјална мрежа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!