Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали Џони Деп и Џеф Бек во новата песна користеле стихови кои ги украле од поранешен затвореник? (Видео)

Голем број на стихови од“Sad Motherfuckin’ Parade” се многу слични на оние од “Hobo Ben”  како што ги рецитира извесен Слим Вилсон.

Британскиот гитарист Џеф Бек и американскиот актер Џони Деп наводно ги користеле стиховите на поранешниот затвореник во „Sad Motherfuckin’ Parade“ без да признаат дека тој ги напишал, пишува Rolling Stone .

Голем број редови од споменатата песна, за која Бек и Деп тврдат дека самите ја напишале, а која се наоѓа на нивниот заеднички албум „18“, се многу слични на оние од песната „Hobo Ben“ рецитирана од Слим Вилсон , макро, вооружен разбојник и убиец од 1960-тите.

Поемата „Hobo Ben“ е во книгата „Get Your Ass Out of the Water and Swim Like Me: афро-американска наративна поезија од усната традиција“ објавена во 1974 година и уредена од фолклористот Брус Џексон .

Rolling Stone наведува дека стиховите од „Hobo Ben“ како “I‘m raggedy, I know, but I have no stink”; “God bless the lady that’ll buy me a drink” и “What that funky motherfucker really needs, child, is a bath”  се во песната „Sad Motherfuckin’ Parade“. Авторот на колекцијата Брус Џексон ја коментираше ситуацијата.

– Единствените два реда напишани од Деп и Бек се „Big time motherfucker“ и „Bust it down to my level“ – вели Џексон.

– Сè друго е од изведбата на Слим во мојата книга. Никогаш не сум сретнал нешто слично. Објавувам работи 50 години, а ова е прв пат некој да украде нешто и да го стави своето име – тврди Џексон.

Синот на Џексон, Мајкл Ли , адвокат кој е специјализиран за музика и прашања за интелектуална сопственост, тврди дека тоа не е „обична случајност“.

– Едноставно е неубедливо, барем според мене, што Џони Деп или кој било друг седнал и ги смислил овие стихови без да ги земе речиси целосно од некоја верзија на снимката на неговиот татко или од книгата во која се појавиле – тврди Ли.

Никој поврзан со албумот сè уште не ја коментирал оваа нова контроверзност.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!