Вие имате прво да ја знаете вистината

Две лица загинаа по ударот на гром во близина на Белата куќа

Полицијата соопшти дека починале две од четворицата тешко повредени кои биле пренесени во локална болница откако гром ги удрил во близина на Белата куќа во Вашингтон. 

Џејмс Мулер (76) и Дона Мулер (75) од Џејнсвил, Висконсин, загинаа откако гром ги удри во четвртокот вечерта во паркот Лафајет, кој е пред Белата куќа.

– “Другите две жртви се уште се во критична состојба” – соопшти локалната полиција.

Белата куќа изрази сочувство за загубата на животи по удар на гром во паркот Лафајет.

– “Нашите срца се со семејствата кои ги загубија најблиските и се молиме за оние кои се уште се борат за своите животи” – изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Во четвртокот вечерта, по ударот на гром, двајца мажи и две жени биле пронајдени без свест и биле пренесени во болница со повреди опасни по живот. Веднаш им била укажана помош од Тајната служба и од американската Парк полиција .

Националната метеоролошка служба (NWS) издаде предупредување за силно невреме со грмотевици за областа Вашингтон за четврток навечер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!