Вие имате прво да ја знаете вистината

ДОКТОРОТ НА БАЈДЕН: Претседателот се чувствува добро

БАЈДЕН се уште кашла повремено, но кашлицата се смирува

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска повторно беше позитивен на тестот за Ковид-19, но се чувствува многу добро, изјави неговиот лекар Кевин О’Конор во извештајот објавен од Белата куќа.

Бајден сè уште повремено кашла, но кашлицата се смирува, рече О’Конор, додавајќи дека американскиот претседател ќе продолжи да биде во изолација, пренесе Ројтерс. Бајден (79) првпат беше позитивен на корона вирусот на 21 јули, а од изолација излезе во средата минатата недела. Три дена подоцна, во саботата, поточно, Бајден повторно беше позитивен на корона вирусот, што О’Конор го објасни како случај на „враќање“ на инфекцијата што е забележана кај мал процент од пациентите кои користат антивирусен лек. Паксловид.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!