Вие имате прво да ја знаете вистината

„ЕВРОПА ДА И СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ТУРЦИЈА“ Путин се сретна со Ердоган, а потоа пријатно го изненади турскиот лидер (видео)

На средбата ќе се приклучи и лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров.

Гасоводот „Турски поток“ работи без прекин и европските партнери мора да и бидат благодарни на Турција за тоа , изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сочи.

  • Верувам дека нашите европски партнери мора да и бидат благодарни на Турција за нејзината поддршка за непречен транзит на нашиот гас на европскиот пазар – рече Путин, а пренесува ТАС С.

Тој изрази очекување дека денеска ќе биде потпишан меморандум за развој на трговско-економските односи меѓу двете земји. Рускиот претседател му се заблагодари на Ердоган за напорите што ги направи за да се реши прашањето за испорака на жито од Украина.

Ердоган рече дека Анкара и Москва се пред отворање на нова страница во билатералните односи и соработка.

Верувам дека нашиот разговор ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји. Би сакал да разговараме за прашањата за енергетската соработка, извозот на жито преку Црното Море, туризмот и регионалните прашања – рече Ердоган. Тој посочи дека една од темите на разговорот ќе биде и прашањето за Сирија.

– Борбата против тероризмот во регионот е важна за нас. Денеска светот ги следи разговорите во Сочи – истакна турскиот претседател, а Путин потврди дека темата ќе биде на дневен ред.

Турскиот лидер истакна дека е неопходно да се преземат чекори за да не се одложи работата на нуклеарната централа „Акују“.

По приватните разговори меѓу двајцата претседатели, ќе им се придружат и делегации.

Во турската делегација се министерот за надворешни работи, министерот за одбрана и шефот на разузнавачката служба, а во руската делегација меѓу другите ќе биде и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Путин и Ердоган се сретнаа на 19 јули во Техеран, каде на трилатералната средба Русија-Турција-Иран се разговараше за ситуацијата во Сирија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!