Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган и Путин денеска се среќаваат во Сочи, за што ќе разговараат?

Тие, меѓу другото, ќе разговараат и за билатерални и регионални прашања, вклучително и за ситуацијата во Украина и Сирија. Економската соработка е меѓу темите-рече Песков.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Турскиот и рускиот лидер меѓу другото ќе разговараат за билатерални и регионални прашања, вклучително и за ситуацијата во Украина и Сирија. Меѓу темите е и економската соработка.

– Ова ќе биде добра можност да се споредат белешките за ефективноста на механизмот за извоз на жито од украинските пристаништа, за да се види колку е ефикасен. И, се разбира, да размениме мислења за светските прашања – рече Песков.

Тој додаде дека распоредот е прилично згуснат. Песков истакна дека, освен тоа, Путин закажал голем број разговори, работни состаноци кои се невидливи за јавноста, а ќе ги има многу во текот на денот, пренесе ТАСС.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!