Вие имате прво да ја знаете вистината

ЗА НЕВЕРУВАЊЕ: На Партизан ова не му се случило 30 години

Фудбалерите на Партизан беа поразени во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лига Европа од АЕК Ларнака, а интересна информација е дека во црно-белиот тим немаше ниту еден играч од сопствените редови.

Иако школата на Партизан е надалеку позната по своите талентирани играчи, кои преку Хумска стигнаа до европска сцена и изградија кариера, овојпат тоа не се случи, па во стартните 11 немаше играчи родени во црно-белиот табор.

За натпреварот на Кипар, тренерот Илија Столица го изведе следниот состав:

Немања Стевановиќ (Рад) – Александар Филиповиќ (Јагодина), Игор Вујачиќ (Голубовац), Синиша Саничанин (Приједор), Слободан Урошевиќ (Рад) – Љубомир Фејса (Хајдук Кула) – Патрик Андраде (Зеленортските Острови), (Ајдук) Фусени Диабате (Мали), Квинси Мениг (Холандија) – Рикардо Гомеш (Зеленортските Острови).

Последен пат вакво нешто се случи пред 30 години, поточно во октомври 1992 година, кога Ивица Осим стартуваше во Истанбул, каде Партизан беше официјален домаќин поради санкциите на СФРЈ, а гостуваше кај Спортинг од Хихон.

Партизан го совлада шпанскиот претставник со 2:0, но Спортинг од Хихон по подоброто изведување пенали се пласираше во следната фаза од Купот на УЕФА.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!