Вие имате прво да ја знаете вистината

Колку точно потомци има Путин: Познати се две ќерки, има и деца со љубовницата, а се споменува и поранешна чистачка…

Економските санкции наметнати на Русија ја погодија и мрежата на најблиски луѓе на Путин, особено неговите деца и наводните љубовници.

Рускиот претседател Владимир Путин отсекогаш внимателно го држел своето семејство подалеку од очите на јавноста, но медиумите секогаш наоѓале начин да дознаат детали за членовите на неговиот потесен круг, пишува Business Insider.

Тој ретко зборува во јавноста за своите ќерки Марија и Катерина, кои ги има од бракот со Људмила, со која беше во брак 30 години пред да се разведат во 2013 година. Во една прилика Путин открил дека неговите ќерки се занимаваат со наука и дека се доста успешни и одговорни.

Економските санкции наметнати на Русија ја погодија и мрежата на најблиски луѓе на Путин, особено неговите деца и наводните љубовници. Како што неодамна открија медиумите, Катерина Тихонова доби нова улога: да ја надгледува руската програма за замена на увозот.

Медиумите со години шумолат за врската на Путин со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, со која наводно има две деца. Вчера американската влада ја објави својата одлука да го стави нејзиното име на листата на санкционирани лица.

Марија и Катерина

Првата ќерка на Путин Марија е родена во Ленинград (денешен Санкт Петербург) во 1985 година, додека Катерина е родена во Германија во 1986 година. Имено, Владимир Путин тогаш живеел во Дрезден, каде служел како офицер на советската КГБ. Кога семејството се преселило во Москва во 1996 година, девојчињата посетувале училиште на германски јазик. Путин стана премиер во 1999 година, по што девојчињата повеќе не одеа на училиште, туку се школуваа дома.

-Не сите татковци се полни со љубов кон своите деца како тој. Тој секогаш знаеше да ги „расипе“, а јас бев таа што требаше да ги дисциплинира, се зборовите на Људмила кои се појавија на веб-страницата на владата на Путин.

Марија студирала биологија, а потоа заминала на медицинско училиште во Москва. Катерина дипломирала азиски студии, а двете девојчиња оделе на факултет со лажни идентитети.

Марија Воронцова има 36 години и е истакнат научник во Москва. Таа до неодамна живееше во руската престолнина со нејзиниот сопруг Холанѓанецот Јорит Фасен, но наводно се развеле.

Марија и Фасен имаа дете во брак. Имено, за време на снимањето на документарен филм со американскиот режисер Оливер Стоун во 2017 година, Путин откри дека станал дедо. Кога Стоун го прашал дали има време да си игра со својот внук, Путин одговорил: „За жал, многу ретко“.

Партнер Зеленски

Катерина (35) живее на висока нога и повремено се појавуваше во јавноста, но никогаш не ја поврзуваа со Путин на јавни настапи. Таа има стекнато значително богатство и живее во луксузни станови. Таа е акробатска танчерка и научник која има висока позиција на Московскиот државен универзитет. Исто така, таа лансираше и руски стартап инкубатор вреден 1,67 милиони долари.

Таа се омажи за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година, но се разведе во 2018 година. Информациите за летот сугерираат дека Катерина влегла во романтична врска со германскиот балетан Игор Зеленски, со кој добила ќерка. Таа тајно летала за Минхен повеќе од 50 пати помеѓу 2017 и 2019 година, придружувана од нивната ќерка.

Нивната врска беше разоткриена од рускиот независен медиум IStories и германскиот Der Spiegel.

За медиумите се достапни само неколку фотографии од ќерките на Путин, но ниту една не е скорешна.

Пред две години се прошири веста дека Светлана Кривоногих, поранешна чистачка, била во врска со Путин и дека ненадејно се преселила во елитен кварт на Санкт Петербург. Тие беа во долгогодишна интимна врска која започна кон крајот на 90-тите, а добија и ќерка. Елизавета Владимировна Розова е родена во 2003 година: името на нејзиниот татко не е на изводот на родените, но нејзиното средно име е Владимировна. Таа самата ги поттикнуваше шпекулациите за нејзиниот вистински татко во интервјуата. Таа призна дека многу личи на Путин, но одби да потврди или негира дека Путин и е татко.

На крајот на 2020 година, Путин триумфално објави дека Русија ја завршила првата вакцина против коронавирусот, иако клиничкото испитување сè уште не е завршено. Во таа прилика ја спомена ќерка си, велејќи дека е вакцинирана против коронавирусот, но не сакаше да прецизира која.

  • Мојата ќерка учествуваше во експериментот. Тој се чувствува добро и има висок број на антитела, откри тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!