Вие имате прво да ја знаете вистината

МИЛАНОВИЌ ГО ПОНИЖИ ПЛЕНКОВИЌ, НЕ МОЖЕШЕ да издржи! Погледнете што правеше додека премиерот на Хрватска држеше говор во Книн (видео)

Хрватска денеска ја слави годишнината од воената акција „Бура“ како Ден на победата, а по тој повод тамошниот премиер Андреј Пленковиќ одржа говор во кој го обвини Белград дека протерал 250.000 Срби од Хрватска.

– Повторно сме сведоци на мизерните и залудни обвинувања за протерување на Србите, иако се знае дека нивното раководство ги натерало да си заминат со договор со Белград. Нема да дозволиме да биде доведен во прашање ослободителниот и праведен карактер на Татковинската војна, ниту да дозволиме нашите херои да бидат обвинети. Горди сме што ги штитиме правата на националните малцинства. За жал, Србија не соработува ниту по прашањето за исчезнатите, ниту за логорите на територијата на Србија – рече Пленковиќ.

Но, на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не му се виде интересен говорот на премиерот, па тој за тоа време беше на мобилниот телефон.

Хрватската воено-полициска операција „Олуја“ започна на 4 август 1995 година со офанзивата на хрватската армија и полиција и единиците на Хрватскиот совет за одбрана на областите Банија, Кордун, Лика и северна Далмација, односно на тогашната Република Српска Краина. Акцијата „Олуја“ доведе до егзодус на повеќе од 200.000 Срби од Хрватска.

Во Хрватска како државен празник се слави 5 август, денот кога акцијата „Олуја“ заврши со влегување на хрватската војска во речиси напуштениот Книн и со подигање на хрватското знаме на книнската тврдина.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!