“Најзгодниот доктор на светот” летуваше во Хрватска, жените го опсипуваа со понуди за пијалок и вечера (фото)
Василије Вујовиќ, атрактивен пластичен хирург од Белград, за кој своевремено пишуваше Дејли Мејл поради убавиот изглед и популарноста на социјалните мрежи, помина неколку дена во Хрватска на одмор.
Објавил фотографии од Дубровник, Корчула и Хвар, а жените во коментарите не штеделе на комплименти.
“Толку убав и згоден“, “Прекрасен и комплетен“, „Човек кој има се“, напишале придружниците, а не недостигале и покани за кафе или вечера.
Инаку, Вујовиќ е млад пластичен хирург од Цетиње кој живее и работи во Белград. Бројни пејачки и актерки одат кај него “под нож” на разни корекции. На Инстаграм има над 200 илјади следбеници.
Овој 33-годишник привлекува големо внимание со својот атрактивен изглед, за кој напорно тренира, а обожава и активности на отворено.
Во една прилика објави фотографија од детството на која позира со својот покоен татко од кој го наследил својот атрактивен изглед.
Василије ужива и во планинарењето, а по враќањето од Хрватска се искачи на планината Ртањ во Србија.
Потсетуваме дека во 2017 година британскиот портал Daily Mail го прогласи за најзгоден доктор на светот, а тој вели дека физичкиот изглед не му е важен.
“Не сакам агресивни девојки. Сакам девојки кои се интересни, забавни и имаат смисла за хумор. Физичкиот изглед не е важен. Убавината е во окото на мажот кој гледа девојка. Затоа, важно е да мене дека ми е убава“, изјави еднаш 33-годишниот Василије, која е оженет и има син.