Вие имате прво да ја знаете вистината

НЕОБИЧНА СЦЕНА: Авионот принудно слетал на автопат, откажал моторот? (ФОТО/ВИДЕО)

Помал авион принудно слета на автопатот кај Крањ во Словенија. Повредени нема, а сообраќајот е забавен и возилата се движат по една коловозна лента.

Помал авион принудно слета на автопатот кај Крањ во Словенија. Повредени нема, а сообраќајот е забавен и возилата се движат по една коловозна лента.

Авионот принудно слетал на автопатот кај градот Брежје во општина Радовљица, во правец кон Јесенице.

Во авионот имало две лица, а според првите информации тие не се повредени, додека авионот бил оштетен при слетувањето.

Авионот полетал од аеродромот во Леш, а од тој аеродром изјавиле дека се било во ред во моментот на полетувањето.

Неофицијално, пилотот пријавил во словенечката контрола на летање дека има проблеми со моторот, поради што слетал на автопатот. 

Сообраќајот на автопатот се одвива по левата сообраќајна лента во правец кон Јесенице, што доведе до застој, а местото за слетување го обезбедуваат службите за итна помош до пристигнувањето на инспекторите за воздушни несреќи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!