Објавени платите на играчите на Баерн: Мане е најплатен-Тоа секако беше еден од аргументите со кои летово донесоа големи засилувања во клубот
Баерн Минхен веќе со години е клуб кој најмногу ги плаќа играчите во Бундеслигата. Тоа секако беше еден од аргументите со кои летово донесоа големи засилувања во клубот предводени од играчи како Мане и Де Лихт.
Садио Мане беше тој што го зазеде првото место меѓу играчите кои најмногу заработуваат во Баерн. Сенегалскиот напаѓач – според Билд има годишна плата од 22 милиони евра.