Вие имате прво да ја знаете вистината

ОВА Е ТАЈНАТА НА СОВРШЕНИОТ ИЗГЛЕД НА Кејт Мидлтон! Војвотката има фантастична фигура благодарение на диетата!

Кејт Мидлтон со години важи за омилен член на кралското семејство, а покрај одличниот вкус за мода, војвотката има и здрави навики кои ги инспирираат жените ширум светот.

Кејт има завидна фигура која и по три бремености успева да ја одржи на високо ниво.

Војвотката од Кембриџ отсекогаш била активна, на универзитет учествувала во бројни спортски активности, има слики од нејзиното веслање, трчање и играње тенис. Д-р Шарлот Нортон зборуваше за „Експрес“ за веројатниот режим на вежбање и исхрана на Кејт Мидлтон за да ја одржи нејзината беспрекорна фигура.

Војвотката е позната по тоа што има природно атлетска градба, сака да поминува време во природа и да се одржува во форма. Со оглед на тоа што има повисок кралски ранг, има пристап и до најдоброто дневно мени кога е храната во прашање, поради што не е тешко да се заклучи дека изгледа толку одлично на 40-годишна возраст – вели д-р Шарлот.

Секако, совршената линија на Кејт е резултат и на генетиката, но не е тајна дека војвотката ужива во сите спортски настани и сака добро вежбање. Иако точната диета на Кејт Мидлтон не е позната, таа наводно ја следела диетата Дукан, што доведува до брзо и трајно губење на тежината без гладување. Диетата Дукан вклучува диета која е богата со протеини и ниска со јаглени хидрати. Кејт јаде многу овошје и зеленчук, но не е строга за тоа што јаде, нејзината тајна е конзистентноста.

Немаше драматични промени во нејзиниот изглед, дури и по бременоста, а д-р Шарлот вели дека за тоа многу придонела нејзината постојаност во вежбањето и исхраната.

– Кејт добро знае што е рамнотежа, го усовршила – заклучува доктор Нортон.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!