Вие имате прво да ја знаете вистината

Осуденик на смртна казна “ги поминал” последнте 30 минути од својот живот разговарајќи со “џелатите”: Им објаснувал во која вена да му ја “стават” смртоносната инјекција (фото)

Шеесет и шест годишниот Френк Атвуд беше осуден на смрт за киднапирање и убиство на 8-годишната Вики Лин Хоскинсон во 1984 година.

Осуденикот на смрт Френк Атвуд (66) чекал 30 минути џелатите да му стават игла во вена за да го усмртат, пишува Дејли Мејл.

Новинарот од Аризона Централ, Џими Џенкинс седеше во собата гледајќи ја егзекуцијата на Атвуд и на Твитер го објавуваше текот на извршувањето на казната.

Џенкинс тврдел дека Атвуд морал да им објасни на џелатите како правилно да го прободат со игла, а потоа да го усмртатсо смртоносна инекција.

Како што тврди Џенкинс на Твитер, егзегуторите влегле во просторијата каде што Атвуд бил врзан за инвалидска количка, облечен во црно – црни маици, капи, ракавици, очила за сонце и маска – следени од двајца мажи во медицински униформи кои влегле во просторијата, кои пак со себе носеа медицинска предмети (инструменти). Новинарот рече дека инструментите кои ги донеле во количка биле несредени.

Извршителите на смртната казна прво вметнале интравенски катетер во левата рака на Атвуд, а потоа му рекле дека ќе вметнат друг во површната феморална вена во бутот.

“Зошто”, наводно прашал Атвуд.

“Постојано уредено ми земаат крв од левата рака”, им рекол Атвуд, а Џенкинс рекол дека во тој момент изгледал дека имал болки.

Егзегуторите не му кажале на Атвуд зошто сакале да му вметнат катетер во феморалната вена, но тие го послушале.

Џенкинс рече дека егзекуторите неколку пати се обиделе да вметнат катетер во раката на Атвуд, но не успеале.

Јас не разбирам. Никогаш порано не бил проблем, рече Атвуд.

Лекарите тогаш им предложиле да се обидат да влезат во крвотокот преку препоните. Атвуд сепак повторно ги прашал дали може му инјектираат преку рака.

Џенкинс рече дека лекарите се погледнале и се договориле дека ќе се обидат повторно.

Новинарот вели дека лекарите конечно успеале да го вметнат катетерот во раката на Атвуд.

Атвуд беше прогласен за мртов во 10:16 часот по локално време.

Атвуд (66) беше осуден на смрт за киднапирање и убиство на 8-годишната Вики Лин Хоскинсон во 1984 година. Нејзиното тело е пронајдено во пустината Соноран во САД десет месеци по нејзиното исчезнување.

Атвуд чекал 35 години на смртна казна, а неговите адвокати во тој период неколку пати се обидувале да ја преиначат казната што му била изречена.

Атвуд веднаш го одбил последниот оброк, но подоцна решил да се почести со серија слатки. На грбот му била ставена перница за да го поддржи ‘рбетот додека седел во инвалидска количка и бил облечен во црно. Носеше црна капа со црвен крст на главата. Носеше црн крст околу вратот.

За време на егзекуцијата заедно со Атвуд беше свештеник, што беше преседан т.е за прв пат ова беше дозволено во американската држава Аризона.

Според властите, Атвуд не се жалел на болки, а неговата сопруга плачела додека тој бил погубуван.



Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!