Вие имате прво да ја знаете вистината

ПЕКИНГ НЕМА ДА СЕ СМИРИ! Белата куќа во страв по лансирањето ракета во близина на Тајван,

Белата куќа денеска ја осуди одлуката на Кина да лансира ракети во близина на Тајван како неодговорна и изјави дека очекува Пекинг да продолжи да реагира во наредните денови на посетата на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Провокативните дејства на Пекинг се значајна ескалација и негов долгогодишен обид за промена на статус квото – изјави на брифинг портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека линиите на комуникација со Кина се уште се отворени на различни нивоа. Да потсетиме, Кина денеска лансираше 11 балистички ракети Донгфенг во водите во близина на северниот, јужниот и источниот брег на Тајван, соопшти тајванското Министерство за одбрана.

Лансирањата беа организирани во неколку бранови, почнувајќи малку пред 14 часот по локално време и траеја околу два часа.

Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека потегот на Кина ја загрозува националната безбедност на островот и ги ескалира тензиите во областа.

– Нерационалното однесување на Кина ќе го промени статус квото и ќе го поткопа регионалниот мир и стабилност – соопшти Министерството. Кина соопшти дека спроведува воени вежби околу Тајван чија цел е „блокада, напад на морски цели, напад на копнени цели и контрола на воздушниот простор“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!