Вие имате прво да ја знаете вистината

Португалија го регистрира најтоплиот јули од 1931 година.

Португалија го забележа најтоплиот јули минатиот месец со просечна температура од 25,14 степени Целзиусови, објави денеска метеоролошката служба на државата.

Горештините ја влошија сушата во Португалија, со 45 отсто од земјиштето во „екстремна суша“, а остатокот во „тешка суша“.Португалската метеоролошка служба објави дека овој јули е најтопол од почетокот на националното мерење на температурата во 1931 година. Просечната температура овој јули е за речиси три степени Целзиусови повисока од очекуваниот јулски просек.

Климата во јужна Европа се менува и почнува да наликува на климата во Северна Африка, велат експертите.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!