Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 20.30 часот во Куманово го лишија од слобода кумановецот Б.С. (29).
Тој бил осуден на казна затвор од една година и пет месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а се барал со судска наредба за доиздржување казна затвор од девет месеци и 26 дена.
Од МВР информираа дека лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за доиздржување на казната.