Вие имате прво да ја знаете вистината

Спасовски: Заштедата на електрична енергија во МВР во 2020 цели 45 милиони денари

Заштеда на електрична енергија во МВР од 7 до 33 проценти односно во 2021 заштедата е во износ од речиси девет милиони денари, а во 2020 цели 45 милиони денари, а како основа е земена 2017 година, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејбук профил.

– Како раководство на МВР континуирано ги следиме потребите и можностите за наоѓање на нови решенија кои ќе придонесат до рационално користење на електричната енергија и енергенсите за активно вклучување во намалување на потребите во време на потенцијалната енергетска криза, напиша Спасовски.

Сината униформа дејствува за зелена околина, порача министерот Спасовски на фејсбук.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!