Вие имате прво да ја знаете вистината

Срби го украле најреткиот дијамант во светот!? Погледнете ја снимката од спектакуларниот грабеж, “Пинк Пантерите” се облечени како ликови од популарната серија (фото/видео)

Холандските истражители интензивно трагаат по осомничените петмина, кои извршија маскиран напад на саемот за уметност и антиквитети TEFAF, извршија вооружен грабеж и одзедоа посебен жолт дијамант, а сите сомнежи паѓаат на “Пинк Пантерите” од Балканот, пренесува RTLnieuws.

Вооружениот грабеж се случи во раните утрински часови на 29 јуни на добро посетениот саем за уметност TEFAF во MECC во Мастрихт.

– Во грабежот нема повредени, но украден е накит, жолт дијамант, единствен од ваков вид во светот. Бараме најмалку петмина бегалци и има блиска соработка со белгиската и германската полиција – соопшти локалната полиција.

Тие дадоа детален опис на овој грабеж и соопштија дека по делото уапсиле две сомнителни лица, но по информативен разговор се пуштени на слобода.

– Набргу по грабежот, полицијата уапси две лица, млади момчиња на возраст од 22 и 26 години и двајцата биле од Белгија. Овие две лица управувале сиво возило со белгиски регистарски број кое било запрено на А2 пред тунелот Вилем-Александер во правец кон југ – велат од полицијата и додаваат.

-Толку сомнително се однесуваа што во тоа време имаше доволно причини да се уапсат под сомнение дека се вмешани во грабеж. Но, тие беа ослободени на 30 јуни и повеќе не се осомничени за овој грабеж.

Овој грабеж ја крена цела Холандија на нозе и сите се прашуваат дали крадците на дијаманти се Срби.

Се сомнева дека се “Пинк Пантери” од Балканот, и дека најверојатно се Срби, бидејќи се повеќе од познати членови на оваа озлогласена банда – пишуваат холандските медиуми.

Инспекторите излегоа на 4 јули и објавија нови фотографии и видео од грабежот. На фотографиите јасно се гледаат лицата на разбојниците, нивното бегство, како и сликата на можен петти член на бандата.

Непознат маж, инаку, петтоосомничениот, им купил билет на четворицата разбојници за да можат да влезат на саемот. Полицијата се сомнева дека очилата што ги носеле разбојниците се дел од нивното маскирање – наведуваат холандските медиуми.

На видеото снимено од очевидците на овој спектакуларен грабеж се гледа дека во грабежот учествуваат четворица мажи во јакни и капи, слични на оние што ги носат ликовите од популарната серија “Пики блиндерс” (Бирмингемска банда). Еден од нив има боздоган со кој го крши прозорецот, додека другите разбојници го опколија и со оружје му се закануваат на секој што ќе се приближи. Кога дијамантот бил во раката на разбојникот, тој го зел пленот, го ставил во торба и почнал да трча со својата екипа и излегол од објектот во непознат правец.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!