Вие имате прво да ја знаете вистината

ХОРОР ВО НИШ: Бебе e повредено на пешачки премин, автомобил удрил во количката!

Едногодишно бебе е повредено утрово нешто подоцна по осум часот на булеварот Немањиќи во Ниш кога возило удрило во количка која ја турнала мајката на детето на пешачкиот премин. Бебето паднало од количката и ја удрило главата во бетонот, поради што се здобило со повреди, па брзата помош го однела детето во нишката болница-пишува Телеграф. Очевидци на несреќата велат дека жената се обидела да ја премине улицата, кога автомобил удрил во количката.

– Страшно, бебето беше на земја, мајката врескаше, сите сме во шок. Покрај пешачкиот премин има и кружен тек, наместо побавно возење сите возат побрзо. Се надевам само дека бебето ќе биде добро – изјави жителка на Ниш која случајно се нашла на местото на несреќата. Д-р Верица Божиќ од Итната помош во Ниш потврди дека интервенирале и дека бебето е повредено.

– Едногодишно дете се здобило со повреди на главата. Тие се пренесени во Универзитетската болница во Ниш, каде што ќе ги прегледа неврохирург – изјави д-р Божиќ. Полицијата извршила увид.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!