Вие имате прво да ја знаете вистината

ХОРОР ВО ТАЈЛАНД – Најмалку 13 лица загинале во пожар во ноќен клуб: “Не можеа да избегаат од пламените јазици…” (ВИДЕО)

Пожарот избувнал еден час по полноќ, а само три часа подоцна бил ставен под контрола.

Најмалку 13 лица загинале, а 40 се повредени во пожар што избувна во ноќен клуб во близина на туристичкиот град Патаја, Тајланд.

Ноќниот клуб Mountain B се наоѓа во еднокатна зграда во областа Сатахип во провинцијата Чонбури, југоисточно од Бангкок.

Пожарот избувнал еден час по полноќ, а само три часа подоцна бил ставен под контрола.

На снимката која ја објавија спасувачите, се гледа зграда зафатена со густ црн пламен, од која неколку луѓе се обидуваат да побегнат.

Полицискиот полковник Вутипонг Сомјаи за Си-Ен-Ен изјави дека пожарот избувнал за време на музички настап во живо и дека повредите од изгореници се движат од „благи до сериозни“.

Сите загинати се државјани на Тајланд. Најмладата жртва имала 17 години. Истрагата за причините за пожарот е во тек – изјави полковникот.

” Бев во ноќен клуб за да го прославам роденденот на брат ми. Стоев во близина на бината кога една жена почна да вика дека покривот гори. Неколку секунди подоцна звучниците на бината веќе беа запалени, а огнот многу брзо се прошири до таванот. Луѓето се обиделе да ги скршат стаклените ѕидови во клубот, но тие биле премногу дебели. Беше невозможно да се избега, излезот од клубот беше блокиран “ – изјави Натанит Пикулкаев. Нејзиниот брат се здобил со тешки изгореници и е во критична состојба, а во пожарот починал неговиот пријател.

Рафон Намтам, локален музичар кој редовно настапувал во споменатиот ноќен клуб во понеделник навечер, вели дека објектот бил отворен пред само два месеци и бил популарен меѓу локалното население поради бендовите во живо.

“Не бев таму кога избувна пожарот, но знам дека гостите имаа само еден влез/излез од клубот. Покрај тоа, таванот е обложен со акустични панели, кои се многу запаливи. Бендот Taew Waew настапувал кога избувнал пожарот. Пејачот и клавијатуристот починаа, а тапанарот е на вентилатор во блиската болница” – рекол тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!