Вие имате прво да ја знаете вистината

ЈАПОНИЈА НА ПРОТЕСТИ: Пет кинески проектили паднаа во јапонската ЕЕЗ

ПЕТ балистички проектили, истрелани од кинеската армија во правец на Тајван, паднаа во областа на јапонската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ), објави новинската агенција Кјодо. Поради ова Јапонија упати силен протест до Кина, соопшти јапонската агенција, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Јапонија.

Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши изјави дека ова е првпат балистичка ракета на кинеската војска да заврши во тие води.

Ова е сериозен проблем за националната безбедност на нашата земја и безбедноста на граѓаните – рече Киши.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!