Вие имате прво да ја знаете вистината

Авторска вечер на Лазар Нелковски во Кинотека

Во летно кино „Мирно лето“ во Кионотека, денеска во 19.45 часот ќе се одржи Авторска вечер на Лазар Нелковски на која премиерно ќе биде прикажан неговиот прв документарен филм „Скопје – градот на трудот“, како и филмските вежби кои ги изработи во рамките на Филмската училница на Кинотеката на РСМ.

Ќе биде прикажан и краткиот игран филм „DREAM“ во режија на Ленид Загрос, во кој игра главна улога. По завршување на филсмките проекции, Лазар концертно ќе го презентира својот прв музички албум „BORDER”.

– Филмот „Скопје – градот на трудот“ е свеж поглед на младите кон градот Скопје, неговата историја и архитектура, тоа е бакнеж на новата генерација кон својот роден град. Филмот ,,DREAM” е љубовна драма во која што е обработена тема за анонимен фотограф заљубен во девојка, која што е во врска со неговиот ривал. Прв филм, Прва улога, Прва проекција, Прв самостоен концерт, Прв чекор!, велат организатрите во најавата за авторската вечер.

Лазар Нелковски е роден во 2005 година, од рана возраст изучува музика, а потоа драма, театар и филм. Завршува нижо музичко училиште, отсек пијано, а дополнително учи класична, рок гитара и тапани. Потоа интезивно започнува да се занимава со театар, посeтувајќи неколку драмски студија, учествува во два меѓународни театарски проекта, шест години учествува на националниот фестивал „Giffoni Makedonija” а оваа година беше претставник на нашата земја на меѓународниот филмски фестивал “Giffoni” во Италија. Во 2020 и 2021 година ја посетуваше Филмската училница на Кинотеката. Тој е и активен ракометар и има настапувано за младинските категории на ракометниот клуб „Бутел“ и за првиот тим на ракометниот клуб „Македонија Ѓорче Петров“. Во 2021 година го основаше фестивалот „Нови простори“. Првите две години од средното образование ги заврши во средното училиште „Орце Николов„ во Скопје, а своето образование ќе го продолжи на колеџот UWC во Исак, Јапонија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!