Вие имате прво да ја знаете вистината

БАЈДЕН НЕ СЕ ШЕГУВА: Украинците добиваат еден од најголемите пакети помош досега, Американците сериозно ја вооружуваат Украина

Следниот пакет за безбедносна помош на администрацијата на Бајден за Украина се очекува да изнесува вкупно 1 милијарда американски долари, еден од најголемите досега, и да вклучува муниција за оружје со долг дострел и оклопни медицински транспортни возила, изјавија денеска три извори со знаење за ова прашање.

Пакетот треба да биде објавен уште во понеделник, изјавија неименувани извори за Ројтерс. Од рускиот напад на Украина на 24 февруари, САД испратија помош во таа земја во вредност од околу 8,8 милијарди долари.

Официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека американскиот претседател Џозеф Бајден сè уште не го потпишал новиот пакет помош за оружје. Тие предупредија дека пакетот помош може да се промени пред да биде потпишан.

Доколку биде потпишан во сегашната форма, вредноста би била 1 милијарда долари и би вклучувала муниција за HIMARS, муниција за ракетниот систем земја-воздух НАСАМС и дури 50 оклопни транспортери М113.

Пентагон неодамна донесе одлука да им дозволи на Украинците да се лекуваат во американската воена болница во Германија во близина на базата Рамштајн. Минатиот понеделник, Пентагон објави специјален пакет безбедносна помош за Украина во вредност до 550 милиони долари, вклучувајќи дополнителна муниција за ракетните системи за висока мобилност (HIMARS).

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!