Вие имате прво да ја знаете вистината

ДРАМАТИЧКО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ШЕФОТ НА ИААЕ: Си играте со оган! Постои реален ризик од нуклеарна катастрофа во Запорожје (фото)

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повика на итен прекин на сите воени активности во близина на нуклеарната централа Запорожје во Украина , предупредувајќи на “многу реален ризик од нуклеарна катастрофа”.

Шефот на ИААЕ, Рафаел Марио Гроси, рече дека е “крајно загрижен” од извештаите за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа.

Украина објави дека делови од централата биле “сериозно оштетени” во нападите на руската војска. Русија ја зазеде електраната во март, но ги задржа украинските вработени. Киев, меѓутоа, ги обвинува руските сили дека истрелуваат ракети врз цивилни цели од објектот, користејќи “терористичка тактика”.

Вчерашните напади го нагласуваат “реалниот ризик од нуклеарна катастрофа што може да го загрози јавното здравје и природната средина во Украина и пошироко”, рече Гроси. “Секоја воена огнена акција насочена кон или од објект е играње со оган, со потенцијално катастрофални последици”, додаде тој.

Украинскиот персонал мора да биде способен да ги извршува своите важни задачи “без закани и притисок”, нагласи тој, додавајќи дека на неговата агенција треба да и се дозволи да им обезбеди техничка поддршка.

“Со цел да ги заштитиме луѓето во Украина и на други места од потенцијална нуклеарна несреќа, сите ние мора да ги оставиме настрана нашите разлики и да дејствуваме сега. ИААЕ е подготвена”, рече Гроси, неколку дена откако ја прогласи централата “целосно надвор од контрола”.

Операторот на електраната во Запорожје изјави дека руските ракетни напади доведоа до исклучување на еден од реакторите и дека постои опасност од истекување на радиоактивни материи. Москва тврди дека Украина е одговорна за нападите. Нема независна проверка на тврдењата на двете страни.

Ден претходно руската администрација на Енерходар објави дека далноводите во нуклеарната централа Запорожје биле прекинати со украинско гранатирање, додека Киев тврди дека руската страна сноси одговорност за гранатирањето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!