Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган и Путин се договорија да го платат гасот во рубљи

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се договорија Турција да и плаќа на Русија во рубљи за делумна испорака на гас.

Билатералната средба меѓу рускиот и турскиот лидер се одржа во петокот во Сочи и траеше повеќе од четири часа. 

– Во процесот на преговорите, претседателите се договорија дека ќе почнат да плаќаат во рубли за делумна испорака на гас – изјави за новинарите по средбата рускиот вицепремиер Александар Новак.

– Разговараме за транзиција кон национални валути, а во првата фаза дел од залихите ќе се плаќа во руски рубљи – изјави Новак, додавајќи дека ова е нова фаза со нови можности, а една од нив е развојот на “нашите монетарни и финансиски односи“, пренесува “CNN”.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!