Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган пристигна во посета на Русија

За време на еднодневната посета на Сочи, планирано е Ердоган и неговиот руски колега да разговараат за односите меѓу двете земји, со фокус на економијата, трговијата и енергетиката, како и за глобални и регионални прашања.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот пристигна во еднодневна работна посета на рускиот приморски град Сочи на разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA). За време на еднодневната посета, планирано е Ердоган и неговиот руски колега да разговараат за односите меѓу двете земји, со фокус на економијата, трговијата и енергетиката, како и за глобалните и регионалните прашања. Лидерите ќе одржат состаноци еден на еден и ќе претседаваат со дискусии меѓу делегациите. Се очекува тие да разговараат за прашања како што се кризата во Сирија и руско-украинската војна, а на дневен ред ќе бидат и дипломатските напори на Турција за деблокирање на извозот на жито од Украина. Средбата меѓу Ердоган и Путин ќе биде нивна втора средба за повеќе од две недели, по состанокот во Техеран во јули на седмиот самит во форматот Астана со кој претседаваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!