Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган – Путин: Конструктивните односи меѓу Турција и Русија резултираа со договор за безбеден транспорт на украински житарки

И покрај актуелните регионални и глобални предизвици, двајцата лидери ја потврдија подготвеноста за подобрување на односите меѓу Турција и Русија врз основа на взаемно почитување и во согласност со меѓународните обврски.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, денеска се сретнаа во рускиот град Сочи и ја потврдија својата решеност да дејствуваат солидарно и координативно во борбата против сите терористички организации во Сирија. , јавува Anadolu Agency (AA). По средбата беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека и покрај актуелните регионални и глобални предизвици, двајцата лидери ја потврдиле подготвеноста за подобрување на односите меѓу Турција и Русија врз основа на меѓусебно почитување и во согласност со меѓународните обврски. „Лидерите се договорија да преземат конкретни чекори за зголемување на обемот на трговската размена меѓу двете земји во согласност со утврдените цели, да се исполнат очекувањата на двете земји во областа на економијата и енергетиката според реципроцитет и да се преземат конкретни чекори за зајакнување на соработката за прашања кои долго време се на агендата на двете земји, особено во областа на транспортот, трговијата, земјоделството, индустријата, финансиите, туризмот и градежништвото“, се вели во соопштението. Во контекст на регионалните прашања, лидерите на Турција и Русија ја истакнаа клучната важност од искрени и отворени односи меѓу двете држави, засновани на доверба, во однос на воспоставување регионална и глобална стабилност. „Во овој контекст, двајцата лидери потврдија дека конструктивните односи на двете земји одиграа улога во постигнувањето на Истанбулскиот договор за безбеден транспорт на жито и прехранбени производи од украинските пристаништа“, се вели во соопштението. Двајцата лидери, исто така, ја истакнаа потребата од целосна имплементација на Договорот од Истанбул, вклучително и континуиран извоз на суровини неопходни за руско производство на жито и вештачко ѓубриво. На средбата Ердоган и Путин го истакнале значењето што го придаваат на подобрување на политичкиот процес во Сирија за да се постигне трајно решение во таа земја. Истакнувајќи ја важноста што ја придаваат на заштитата на политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија, лидерите на Турција и Русија ја потврдија својата решеност да дејствуваат солидарно и координативно во борбата против сите терористички организации во Сирија. Тие, исто така, ја истакнаа силната посветеност на суверенитетот, територијалниот интегритет и националното единство на Либија. „Тие ја изразија важноста од одржување слободни, фер и кредибилни избори врз основа на најширок можен консензус меѓу Либијците и ја повторија својата поддршка за политичкиот процес под покровителство на Обединетите нации“, се вели во заедничката изјава. Ердоган и Путин, исто така, се договорија следниот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу двете земји да се одржи во Турција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!