Задоцнет меден месец: Борис Џонсон и неговата сопруга Кери престојуваат во Словенија, го следат примерот на Доналд и Меланија Трамп
Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон е на краток приватен одмор во Словенија, потврдија за агенцијата СТА од кабинетот на премиерот Роберт Голоб.
Џонсон и неговата сопруга Кери се на задоцнет меден месец.
“Downing Street” не сакаше да објави каде Џонсон оди на одмор оваа недела, но британските медиуми открија дека парот е на приватно патување во Словенија.
Според словенечките медиуми тие треба да бидат во Језерско.
Џонсон поднесе оставка како премиер по серијата министерски оставки во јули оваа година.
Борис и Кери Џонсон се венчаа во мај минатата година, две години по нивната свршувачка
56-годишниот премиер во заминување и 33-годишната поранешна портпаролка на Конзервативната партија се венчаа во тајност, а големата прослава се одржа пред само неколку дена, поради пандемијата на коронавирус.