Вие имате прво да ја знаете вистината

„ЗЕЛЕНСКИ СЕ БАВИ СО НУКЛЕАРЕН ТЕРОРИЗАМ“ Русите го обвинија Киев за гранатирање на Запорожје: треба да бидат осудени

Русија ги повика меѓународните организации да ги осудат криминалните дејствија на властите во Киев кои учествуваат во акти на нуклеарен тероризам, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Ги повикуваме меѓународните организации да ги осудат криминалните дејствија на режимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се занимава со акти на нуклеарен тероризам – соопшти Министерството. Министерството изјави дека во случај на дополнителни провокации во нуклеарната централа Запорожје, целата одговорност за прекините во нејзината работа ќе ја имаат властите во Киев.

Според Министерството, украинските војници денеска од 16:20 до 17:24 истрелале 20 артилериски гранати од 152 милиметри врз нуклеарната централа Запорожје и градот Енергодар. Гранатирањето е извршено од позицијата на украинската 45-та артилериска бригада во близина на населбата Марганец на спротивниот брег на езерото Кременчуг, кое е под контрола на украинската армија, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана. По гранатирањето следело согорување на водород во водородната станица во Запорожје и пожарот брзо бил изгаснат.

Дополнително, исклучен е дел од опремата на третиот блок, а капацитетот на четвртиот блок е намален.

Градот Енергодар делумно остана без струја и вода, се вели во соопштението.

Министерството наведува и дека по среќни околности фабриката за нафта и мазут и кислородната станица се недопрени и дека е избегнато можно зрачење во најголемата нуклеарна централа во Европа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!