Вие имате прво да ја знаете вистината

Кина ги прекина дипломатските односи со Америка во многу области

Пекинг ја прекина комуникацијата со Вашингтон во неколку области во знак на протест поради посетата на Ненси Пелоси на Тајван

Кина одлучи да ги прекине дипломатските односи со САД во голем број воени и цивилни области, објави во петокот Министерството за надворешни работи. Прекинот на врските е начин на кој Пекинг возврати на овонеделната посета на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Министерството објави список на области каде повеќе нема да има комуникација меѓу кинеските и американските официјални лица. Тие вклучуваат работни состаноци меѓу одделите за одбрана, консултации за поморска безбедност, соработка за илегална миграција, судска помош, транснационален криминал, контрола на дрога и климатски промени. Според соопштението, откажан е и планираниот телефонски разговор меѓу највисоките воени команданти на двете нации.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!