Вие имате прво да ја знаете вистината

Научниците се загрижени за затоплувањето на Медитеранот: Почнува да личи на Црвеното Море! (фото)

Научниците сметаат дека Медитеранот е жариште на биолошката разновидност – сочинува само еден процент од светските океани, но содржи 10 проценти од сите морски растителни и животински видови. Тој е дом на речиси 20.000 видови, од кои 25 проценти се ендемични.

Температурата во делови од Медитеранот е за шест степени Целзиусови повисока од вообичаената за овој период од годината, предупредуваат научниците. Натпросечните температури го загреаа Средоземното Море од мај, а го достигнаа својот врв минатата недела кога беа измерени 30,7 степени во близина на источниот брег на Корзика.

Температурата на морето од 28 или 29 степени можеби е пријатна за капачите, но е загрижувачка за екосистемите на Медитеранот“, вели францускиот новинар и екологист Фредерик Денхез. „Медитеранот почнува да личи на Црвеното Море, а растенијата и животните што живеат овде не се подготвени за тоа“, додаде тој.

Топлотните бранови на океаните се еквивалент на „подводни пожари“, растенијата и животните умираат како да се запалени“, изјави Дејвид Дијаз, од шпанскиот океанографски институт за „Ле Монд“.

Научниците сметаат дека Медитеранот е жариште на биолошката разновидност – сочинува само еден процент од светските океани, но содржи 10 проценти од сите морски растителни и животински видови. Тој е дом на речиси 20.000 видови, од кои 25 отсто се ендемични, организми кои не живеат никаде на друго место во светот освен Медитеранот, пренесува The Guardian.

„Организмите кои најдобро се прилагодуваат ќе се спротивстават преку физиолошки адаптации или миграција, иако тоа може да ги ослаби“, рече Емили Вилар, морски биолог од Марсеј, „но послабите најверојатно ќе изумрат“, заклучи таа. Постојат околу 700 видови на кои им се заканува истребување во Медитеранот. „Ако температурните шокови траат предолго, или ако видот не може да мигрира, новите видови ќе ја пополнат дупката. Но, ако условите станат премногу лоши, на Медитеранот му се заканува исчезнување“, објасни Емили.

Според извештајот на WWF минатата година, температурите во Медитеранот се зголемуваат за 20 отсто побрзо од глобалниот просек, што го прави море со најбрза промена на температурата во светот. Речиси 1.000 егзотични видови, вклучувајќи 126 видови риби, веќе мигрирале во Медитеранот од Црвеното Море и претставуваат закана за локалните видови.

Последниот температурен рекорд во Средоземното Море беше поставен во август 2018 година кога температурата во близина на брегот на Марсеј беше 6,6 степени Целзиусови над просекот, а најдолгиот регистриран топлотен бран беше од 3 август до 2 септември 2003 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!