Вие имате прво да ја знаете вистината

НИКОЛА ЈОКИЌ ИЗГУБИ 15 КИЛОГРАМИ: Еве како најдобриот светски кошаркар ја доведе линијата ДО СОВРШЕНСТВО (фото)

Никола Јокиќ од мали нозе сакал да јаде и да пие добро, а како мал имал сериозни проблеми со килограмите, но кога почнал да тренира кошарка, работите значително се подобриле.

Сепак, тој се уште е склон кон дебелеење, па секое опуштање може да доведе до вишок килограми, што е катастрофа за професионален кошаркар.

Се сеќаваме дека пред Мундијалот во Кина најдобриот играч во НБА се појави со вишок килограми, јасно беше дека летото го помина хедонистички. Затоа изгледаше бавно на теренот и неговиот придонес беше под очекуваното.

Според извори од НБА, кога по Мундобаскетот се вратил во Денвер, тежел околу 130 килограми. Благодарение на ригорозните диети и тренинзите успеа да ги намали килограмите, па повторно забележа одлична сезона во најсилната лига на светот.

Изгледа научи од грешките, бидејќи сега на собирот на српската репрезентација сега се појави во сосема поинаква физичка состојба – ослабе околу 15 килограми!

Воодушевен од состојбата на Никола е и српскиот тренер Светислав Пешиќ.

  • Јокиќ се грижеше за своето тело. Тој е физички подготвен. Со нетрпение чека да биде со репрезентацијата. Тоа може да се види. Играчите се среќни што тој е таму. Со Јокиќ ситуацијата е доста поволна. Работи добро, тренира добро. Останува после тренинг. Првиот е што доаѓа, последниот што ќе замине. За него играта е малку поинаква, различни се димензиите на теренот. Рекетот е полн во Европа, нема „зонска“ одбрана. Му треба малку да се прилагоди на начинот на игра во Европа – изјави Пешиќ.

Јокиќ со ова тело сигурно ќе биде многу поподвижен и поопасен отколку пред три години.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!