Вие имате прво да ја знаете вистината

НОВАК ЃОКОВИЌ ДОБИ МУРАЛ ВО ГРО ПЛАН: Насликан на влезот во градот

Најдобриот светски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ доби мурал во Велика Плана.

Муралот е насликан на влезот во градот, во близина на градската автобуска станица. Претходно на истото место мурали добија патријарсите Павле и Иринеј, како и водачот Караѓорѓе. Како и претходното, така и ова уметничко дело го наслика Уна Николиќ, академска сликарка од Велика Плана.

Сликањето на муралот го финансираше Туристичката организација на Велика Плана. Фондацијата на најдобриот светски тенисер одвои седум милиони динари за реновирање и опремување на предучилишните установи во Велики Орашје и Бресје.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!