Вие имате прво да ја знаете вистината

Остатоците од исчезнатиот авион што се урна во 1968 година се пронајдени во Швајцарија (фото)

Остатоците од авионот што се урна на швајцарските Алпи во 1968 година беа пронајдени во глечер 54 години подоцна, соопшти полицијата.

Остатоците од авионот се појавија на глечерот Алеч, во југозападниот дел на кантонот Валис, во близина на врвовите Јунгфрау и Монч. Полицијата појасни дека остатоците биле пронајдени во четвртокот.

-Истрагата утврди дека се работи за делови од “пајпер чироки“ со регистрација HB-OYL, кој на таа локација паднал на 30 јуни 1968 година. Понатамошните работи ќе бидат преземени во најкраток можен рок – се наведува во полициското соопштение.

Локалниот весник 24сата објаснува дека во авионот имало учител и лекар и неговиот син, сите од Цирих. Тогаш беа пронајдени нивните тела, но не и остатоците од авионот.

Остатоците биле забележани од планински водич за време на една од обиколките во областа. Поради климатските промени и топењето на глечерите, патеката на искачување е променета така што сега поминува низ делот од планината каде што се наоѓале остатоците.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!