Вие имате прво да ја знаете вистината

Панчев: Ако Осим повеќе веруваше во помладите играчи во 1990 година, Југославија ќе ја победеше Аргентина (видео)

Дарко Панчев, еден од најдобрите напаѓачи кои настапувале на територијата на поранешна Југославија, се присети на Светското првенство во Италија во 1990 година, велејќи дека тогашниот селектор на Југославија, Ивица Осим, требало повеќе да им верува на помладите играчи.

Панчев во опширното интервју за Index.hr, меѓу другото, се осврна и на споменатото првенство, велејќи дека Ивица Осим требало повеќе да им верува на помладите играчи.

“Светското првенство во Италија е интересно за анализа. Тоа беше време кога една генерација заминуваше, а друга доаѓаше. Селекторот Осим им веруваше на постарите играчи и таа репрезентација постигна добар резултат, но гледајќи го натпреварот со Аргентина во четврт-финалето, не можам да се ослободам од впечатокот дека требаше повеќе да ни верува нам помладите играчи.

Да имаше повеќе верба во нас, убеден сум дека ќе постигневме гол, ќе се пласиравме во полуфиналето, а потоа ќе направевме нешто повеќе. Сепак, Швабо им веруваше во своите играчи. Тој беше тој што одлучуваше. Не е прашање дали требаше да им верува на младите играчи само затоа што се млади.

Тие млади играчи веќе ја водеа играта во своите клубови, играа меѓународни натпревари и мислам дека Савиќевиќ беше во право кога реагираше на односот на Осим кон нас, рече Панчев.

Панчев, откако стана ѕвезда на југословенскиот фудбал играјќи за Вардар, се пресели во Црвена Звезда, каде за три сезони постигна 116 гола.

Тој се прослави и со постигнувањето на решавачкиот гол во финалето на Купот на европските шампиони во 1991 година против Марсеј со пенали, кој им го донесе трофејот на црвено-белите.

По распадот на Југославија замина во странство, но не се прослави во италијански Интер, германските Лајпциг и Фортуна Дизелдорф и швајцарски Сион. Кариерата ја заврши на 32 години

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!