Вие имате прво да ја знаете вистината

Полицијата во Охрид приведе дилер од Ресен

Охридската полиција пронашла дрога кај 25 годишен жител на Ресен, соопшти денеска МВР.

Според информацијата, синоќа во 22 часот и 10 минури на улицата “Стив Наумов“ во  Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.Ш.(25) од Ресен.

– Кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја. Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана, стои во соопштението на МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!