Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОСЛЕДНАТА ФОТОГРАФИЈА ОД АВТОБУСОТ НА СМРТТА: Седум минути подоцна, сцена од хорор филмови – луѓето беа мртви (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера од клучката Брезнички Хум, која го „улови“ полскиот автобус кој сообраќа кон Загреб, кој потоа доживеа несреќа на автопатот, 7 минути пред несреќата.

На видеото не се гледа никакво необично однесување на возачот.

Неколку минути подоцна автобусот излетал од автопатот при што загинале 12 патници.

Според информациите што ги изнесе министерот за здравство Вили Берош на вонредна прес-конференција во Вараждин, 19 лица се тешко повредени, а 13 полесно.

Како што беше утврдено, сите жртви се полски државјани.

На местото на инцидентот излегол заменикот на жупанискиот државен обвинител во Вараждин и во соработка со полициски службеници спроведува истрага.

Сообраќајот на делницата од автопатот во правец кон Загреб, од клучката Брезнички Хум до клучката Комин, се одвива по една коловозна лента.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!