Вие имате прво да ја знаете вистината

ПОТЕГОТ НА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ГИ ИЗНЕНАДИ РУСИТЕ: “Се повлекоа од стратешка позиција, не ги знаеме причините”

Украинските сили се повлекоа од стратешкото плато кај Артјомовск, град наречен Бахмут во Украина, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) Виталиј Кислев.

– Украинските вооружени сили го напуштија стратешкото плато кое го штити Артјомовск и се повлекоа во градот – напиша Кислев на својот канал Телеграм.

Тој додаде дека не се познати причините за повлекувањето на украинските војници, со оглед на тоа што тие би можеле долго да се бранат бидејќи повеќето ровови се недопрени, пренесува ТАС С.

Според него, украинската армија нема да може долго време да ја задржи контролата над градот бидејќи тој повеќе не е на таа висина, од каде што можела да ја држи ситуацијата под контрола.

Руското Министерство за одбрана пред два дена објави дека украинските сили ја загубиле борбената ефикасност и ги напуштиле позициите во близина на Авдеевка, Артјомовск и Соледар, кој се наоѓа во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР).

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!