Вие имате прво да ја знаете вистината

Сенатот на Индијана ја одобри првата државна забрана на абортусот

Сенатот на американската сојузна држава Индијана, што е под контрола на републиканците, вчера даде конечно законодавно одобрение на нацрт-законот со кој се забрануваат повеќето абортуси, шест недели откако одлуката на Врховниот суд на САД го избриша уставното право на жената да ја прекине бременоста.

Предлог-законот беше прифатен со 28 гласа „за“ и 19 „против“, само неколку часа откако помина во Претставничкиот дом на државата. Нацрт-законот ќе ја направи Индијана првата американска држава која донесе таква забрана по историскиот случај „Роу против Вејд“ од 1973 година, со кој беше легализиран абортусот на национално ниво, а беше поништен на 24 јуни.

Дали одлуката ќе стапи во сила сега треба да ја донесе републиканскиот гувернер Ерик Холкомб.

Законодавниот дом на Индијана ја усвои мерката за време на специјална седница свикана од републиканските лидери по одлуката на конзервативното мнозинство на Врховниот суд – во случајот во Мисисипи наречен „Добс против Џексон“ – што веднаш им го отвори патот на сите држави сами да го регулираат абортусот.

Западна Вирџинија е веројатно неколку дена до усвојување на речиси целосна забрана за абортус, а околу 10 други држави предводени од републиканците веќе усвоија слични строги забрани.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!