Вие имате прво да ја знаете вистината

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Немаме што да корегираме во врска со посетата на Пелоси

Според него, САД не сакаат да ги зголемат тензиите, но ќе преземат чекори за одбрана на националните интереси и безбедносните обврски во регионот.

Белата куќа денеска соопшти дека САД немаат што да коригираат во врска со заминувањето на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, во Тајван, по барањето на Пекинг Вашингтон да ги исправи своите „грешки“. Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, на брифингот им изјави на новинарите дека САД сакаат веднаш да се намалат тензиите со Кина, но дека потегот на Пекинг да суспендира некои канали за комуникација е неодговорен, пренесе Ројтерс.

Според него, САД не сакаат да ги зголемат тензиите, но ќе преземат чекори за одбрана на националните интереси и безбедносните обврски во регионот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!