Вие имате прво да ја знаете вистината

Ситуацијата во Израел е пред ЕСКАЛАЦИЈА: Палестинците се закануваат со одмазда, одобрена е мобилизацијата

Лидерот на Исламскиот џихад, Зијад Ан-Нахала, по нападот на Газа се закани дека ќе изврши ракетни напади врз Тел Авив.

Еден од командантите на палестинското движење Исламски џихад е убиен во израелските напади врз Појасот Газа, соопшти денеска официјален претставник на оваа милитантна група. Во исто време, претставници на локалните здравствени служби соопштија дека во израелските напади загинале седум лица, а 40 се ранети. Според палестинското Министерство за здравство, меѓу загинатите има и петгодишно девојче.

Лидерот на Исламскиот џихад, Зијад Ан-Нахала, по нападот на Газа се закани дека ќе изврши ракетни напади врз Тел Авив.

– Нема да има црвени линии во таа битка – изјави тој за телевизијата Ал-Мајадин. Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц одобри мобилизирање до 25.000 резервисти во случај на потреба, во врска со воената операција во Газа, објави Министерството за одбрана на земјата. Израелските медиуми објавија дека во некои градови на таа земја се огласиле сирени за воздушен напад.

Израелската армија претходно објави дека гаѓала цели во Газа во рамки на операцијата „Зора“, по неколкудневните тензии предизвикани од апсењето на палестинскиот лидер Басам ал Сади. Ал Сади беше уапсен претходно оваа недела од страна на израелските сили за време на нападот врз градот Џенин на Западниот Брег. По тоа апсење, Израел ги затвори сите премини во Газа, како и некои блиски патишта стравувајќи од одмазда на Палестинците од Газа, јави Танјуг.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!