Вие имате прво да ја знаете вистината

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО КАБУЛ! Одекна силна експлозија – осум мртви, 22 ранети! ИСИС удри по шиитите! (ВИДЕО)

Во вчерашната експлозија во Кабул загинаа најмалку осум лица, а 18 се повредени.

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени во денешната експлозија на бомба во прометна улица во главниот град на Авганистан, Кабул , според здравствените власти и очевидци. Експлозијата на бомбата се случи во западниот дел на градот , каде што живее малцинската шиитска заедница, објави Ројтерс.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава , објави ИД на својот канал Телеграм. Според медицински службеник во приватна болница, најмалку осум лица загинале, а 22 се ранети.

Портпаролот на МВР изјави дека на местото на експлозијата е испратена увидна екипа за помош на ранетите и проценка на бројот на жртвите. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како амбулантни возила брзаат на местото на настанот, кое е во близина на автобуските постојки.

Во вчерашната експлозија во Кабул, за која одговорност презеде и Исламската држава, загинаа најмалку осум лица, а 18 се повредени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!