Вие имате прво да ја знаете вистината

Ужас во Албанија, полицаец со глисер уби седумгодишно девојче пред очите на нејзиниот татко: “Требаше да умрам наместо неа” (фото/видео)

Тасе првично беше обвинет за убиство од небрежност, но тоа обвинение на крајот беше отфрлено и потоа беше обвинет за тешко убиство.

Арјан Тасе, поранешен началник на градската полиција на Химара на југот на Албанија, е обвинет за убиството на 7-годишната Јонада Авдија , што се случи во вторникот на плажата Потами во Химара.

Седумгодишно девојче загинало откако Тасе ја удрил со чамец додека седела на морскиот брег. Тасе тврди дека изгубил контрола над возилото, но очевидци кажуваат дека вршел опасни маневри и дека се возел премногу блиску до брегот.

Авдиа летуваше со семејството на плажата Потами.

Дојде со голема брзина кај мене и кај неа. Јас нурнав, а чамецот директно удри во ќерка ми – изјави Бледар Авдиа, татко на 7-годишната Јонада, по несреќата.

Блиц пишува дека Тасе се степал со Бледар Авдиа по инцидентот на плажата. На социјалните мрежи е објавено видео на кое наводно може да се види физичка пресметка меѓу Тасе и Авдиа.

Авдиа за локалните медиуми изјави дека тој и неговата ќерка пливале на плажата Потами тој ден кога видел бел чамец со две лица како доаѓа кон него. Тој рече дека чамецот со голема брзина се приближувал кон него и неговата ќерка. Тој вели дека успеал да нурне за да го избегне. Чамецот потоа со дел од моторот удрил во неговата ќерка.

Бислим Ахметајм , учител кој тој ден бил на плажата, на Фејсбук се присетил како Авдиа му пришол потоа и му рекол: “Требаше да умрам наместо неа”.

Полицијата соопшти дека 7-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди при ударот од пропелерот на моторот и дека починало на лице место.

Инспекторите велат дека Тасе ги однел членовите на неговото семејство од Порто Палермо на плажата Потами.

Тасе првично беше обвинет за убиство од небрежност, но обвинението на крајот беше отфрлено и потоа беше обвинет за тешко убиство.

Отпуштени се 15 полицајци кои тој ден ја чувале плажата.

Тасе требаше да се појави на суд во петок.

Поради смртта на девојчето избувнаа протести, а десетина демонстранти се судрија и со полицијата во главниот град Тирана.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!