Вие имате прво да ја знаете вистината

Ужас на А4 во Хрватска: Полски автобус излетал од автопатот, најмалку 12 лица загинале, 43 лица се повредени, оделе на аџилак во Меѓугорје (фото/видео)

Автобус со полски регистерски таблички во саботата наутро доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот А4 Загреб-Горичан. Најмалку 12 лица загинаа, потврди полицијата. Повредени се 43 лица. Како што се дознава, 18 жртви се префрлени во загрепските болници, по шест во КБЦ Загреб, КБ Дубрава и Клиниката за трауматологија на улицата Драшковиќева.

Според информациите што од КБЦ Загреб, кај нив биле донесени 6 пациенти, за жал еден од нив починал по обид за реанимација. Еден пациент има тешка фрактура на потколеницата и моментално е на операција. Тинејџерката била донесена со набиено белодробно крило, а томографијата покажала дека и таа има набиен црн дроб и повредена слезина, па и таа ќе мора да оди на операција. Останатите тројца пациенти имаат скршеници, но не им е потребна операција.

Поради несреќата отворени се две операциони сали во КБЦ Загреб и повикани се трауматолог и васкуларен хирург.

Во КБ Дубрава се донесени и 6 пациенти, сите тешко повредени, двајца мажи и четири жени. Една госпоѓа има многу тешки повреди, мора да се оперира, има скршеница на карлицата, надколеница и скршени ребра, па е сместена на одделението за интензивна нега. Еден господин има изместен колк и скршеница на надлактицата, еден доби удар во главата и многу расекотини по телото и е под опсервација.

Според првите информации, автобусот околу 5 часот и 30 минути слетал на потегот од Брезнички Хум до Комин, во правец кон Загреб. Полициската управа Вараждин наведува дека точната локација е помеѓу Јарек Бишашки и Подворец. Во автобусот имало аџии кои биле на пат кон Меѓугорје.

Засега нема официјални информации за причините за оваа несреќа, ниту за околностите во кои се случила, но неофицијално, тезата е дека возачот најверојатно заспал на воланот.

Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а на локацијата се повикани екипи на итната помош и пожарникари кои помагаат во спасувањето на настраданите.

Според досегашните информации, во сообраќајната несреќа загинаа неколку лица, а поголем број се тешко повредени. На местото на настанот, покрај полициски службеници од ПУ Вараждин и од Загреб, се ангажирани и неколку екипи на Институтот за итна медицинска помош од областа на Вараждинската жупанија и Загреб, како и неколку екипи на пожарникари од двете жупанија. соопшти полицијата.

Хрватскиот авто-клуб извести дека меѓу раскрсниците Брезнички Хум и Комин во правец кон Загреб, извесно време се вози по една коловозна лента со ограничување на брзината од 40 км/ч, но последователно добиле информација дека на таа делница сообраќајот во правец на Загреб беше целосно суспендиран. Пред клучката Брезнички Хум во правец кон Загреб се формирала колона долга околу 1 км.

Во Општата болница во Вараждин се одржа прес-конференција на која беа присутни министерот за внатрешни работи и началник на штабот за цивилна заштита на Република Хрватска, Давор Божиновиќ и директорот на Хрватскиот институт за итна медицина, прим. М-р. Маја Грба-Бујевиќ.

“Се случи страшна сообраќајна несреќа, добивме информација од полски државјанин кој бил во автобусот. На терен излегле сите служби за итна помош, 16 екипи за итни случаи, пожарникари, полиција, ХАЦ. Во овој момент имаме информации дека загинале 11 лица. Во болниците се примени 32 лица. Почина уште едно лице кое е хоспитализирано. Според информациите што ги добиваме има доста патници со тешка траума, рече Божиновиќ.

“Автобусот тргнал од место во близина на Варшава. Тоа беше дел од групата која планираше да оди на аџилак во Меѓугорје”, додаде тој.

“Има 43 повредени, 12 загинати. Автобусот сè уште се крева, а ние се уште проверуваме дали има некој под него, се надеваме дека нема да има”, рече Грба Бујевиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!